Google ќе ја фокусира Android Things кон производителите на паметни звучници и дисплеи

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Android не е единствениот оперативен систем на кој работат специјалистите на Google. Компанијата исто така ја создаде Wear OS платформата, која е оптимизирана за паметни часовници. Во последниве неколку месеци, исто така, дознавме и за друг проект наречен Fuchsia, кој претставува иднината на софтверските технологии, според Google. Нивните инженери веќе неколку месеци работат на Android Things, што е платформа дизајнирана целосно за уреди со Интернет на нештата, велат од SlashGear.

Google потврди дека тие не се откажале од развојот на софтверот и ќе продолжат да експериментираат со создавање на паметен екосистем за паметни звучници и паметни дисплеи. Компанијата гледа во овој тип на уреди повеќе потенцијал, отколку во традиционалните уреди со Интернет на нештата. Затоа главниот фокус во развојот на Android Things за иднината ќе биде паметни дисплеи и звучници како Google Home. Платформата е со отворен код и може да се користи бесплатно од страна на производителите.

Поместувањето на акцентот на Android Things е интересно решение кое Google се надеваат дека ќе го привлече вниманието на брендови како Lenovo, JBL, LG и др. Нема да биде изненадување ако следните паметни уреди од серијата Google Home исто така работат со овој оперативен систем, а не со модифицирана верзија на Cast платформата, како досега. Идните уреди со Аndroid Things ќе имаат процесори на Qualcomm, MediaTek и NXP, а допрва ќе имаат се поголемо значење за бизнисот на Google.