
Eксперти за безбедност на Avast предупредија за нова закана која може да ги изложат на ризик личните податоци на корисниците. Всушност експертите откриваат докази за малициозен софтвер кој го крштеваат со името „Rietspoof“ и се шири во популарни апликации како Facebook Messenger и Skype. Teстовете покажуваат дека заканата е активна барем од август 2018 година, но едвај во последните недели се забележува сериозно зголемување на дистрибуцијата на „Rietspoof“, пренесе ZDNet.
Oсновната цел на вирусот е да ја надмине заштитата на компјутерите и да навлезат во нив, а откако ги инфицираат да инсталираат од интернет дополнителен малициозен код. На овој начин хакерите би можеле од далечина да имаат пристап до клучните функционалности на засегнатите уреди. Податоците на Avast откриваат дека злонамерниот софтвер се крие во LNK датотека во Windows / Startup фолдерот и е базиран на сите легитимни сертификати, што му овозможува да ги надмине проверките за безбедност.
Целиот процес на инфицирање на компјутерите поминува низ четири различни фази, кои во повеќето случаи остануваат незабележани од корисниците. Avast го опиша Rietspoof како малициозен софтвер дизајниран да инсталира многу посериозен вирус. Оваа закана може да ги преземе, да ги подигне и модифицира датотеките, а може и сама да се отстрани од уредот. Ние ве охрабруваме да бидете исклучително внимателни за тоа која содржина ќе ја отворате во вашите сметки во популарните апликации за комуникации.