
Неколку часа не делат од долгоочекуваниот Samsung Unpacked настан, каде ќе го видиме Galaxy S10. Компанијата, исто така, подготвува уште едно изненадување за своите корисници. Изгледа дека продавницата за онлајн апликации на Samsung за паметни телефони, која е достапна како Galaxy Apps, сега ќе се вика Galaxy Store. Името не е единствената промена на онлајн порталот, бидејќи корисниците веднаш ќе го забележат новиот One UI дизајн, објави AndroidAuthority.
Неговата визија е инспирирана од интерфејсот, со кој работат уредите на Samsung, кои се ажурирани на Android Pie. Чистиот дизајн е гаранција дека корисниците полесно ќе ја пронајдат саканата содржина и ќе се движат во онлајн продавницата. Веднаш ќе забележите дека главното мени се поместува од врвот до дното на екранот. Исто така постојат и различни секции во продавницата за мобилни апликации, кои досега беа Trending, Games, Exclusives, Top и Gear.
За во иднина, содржината во Galaxy Store сега ќе биде поделена на следниве секции: Home, Games, My Galaxy и Watch. Компанијата исто така ги промени иконите и фонтот на текстот. Ширењето на ажурирањето на новата онлајн продавница веќе започна. Ова значи дека сите корисници ќе имаат пристап до Galaxy Store за кратко време. Новата верзија на апликацијата е околу 20 МB и Samsung се надева дека ќе нѐ направи поактивни во преземањето на апликации.