LG G8s ќе биде претставен на MWC 2019

од Vladimir Zorba
107 прегледи

LG G8 ThinQ е претстојниот уред кој ќе биде исклучително важен за стратегијата на компанијата во мобилната индустрија. Корејскиот производител прави многу напор да започне да генерира приходи од овој бизнис сегмент и да го прошири своето влијание на пазарот на паметни телефони.

Во голема мера, премиерата на LG G8 ThinQ ќе покаже дали компанијата може да ги достигне своите амбициозни цели во 2019 година. Тоа нема да биде единствениот LG паметен телефон што ќе го видиме на MWC 2019.

Плановите вклучуваат премиера на уште еден паметен телефон, кој ќе се вика LG G8s, пренесе „BGR“. Присуството на буквата „S“ во името значи дека ова е поскоро ажурирана верзија на уредот, а не „поевтин“ модел. Сепак, техничките спецификации сè уште не се познати. LG го регистрира својот заштитен знак „LG G8s“ претходно овој месец. Ова исто така може да се види како доказ дека премиерата на уредот ќе биде на MWC 2019.

Големото прашање за новиот модел е дали ќе вклучи поддршка за 5G мрежите, бидејќи технологијата се очекува да биде екстремно популарна во 2019 година. LG не може да се држи подалеку од овие трендови и барем еден од нивните нови паметни телефони ќе им овозможи на корисниците да се убедат за придобивките од новата генерација модели. LG G8s најверојатно ќе сподели и други интересни карактеристики на неговиот претходник, како што е OLED дисплејот преку кој излегува звукот и вградениот сензор за отпечатоци.