Лавров: Западот на груб начин ги вовлекува балканските земји во НАТО

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека Западот на груб начин ги турка земјите од Балканот да станат членки на НАТО, без да се осврне на народите во тие држави.

– Западот продолжува со својата безобразна политика за вовлекување на овој регион во НАТО, притоа целосно игнорирајќи ги луѓето во овие земји, како и лекциите по историја или едноставната дипломатска љубезност, изјави Лавров на денешната конференција во Москва во чест на починатиот амбасадор на Русија во ОН, Виталиј Чуркин.

Тој, исто така, нагласи дека Русија подолг период повикува на „враќање на основните принципи на меѓународните односи запишани во Повелбата на ОН и документите на ОБСЕ, односно на суверена еднаквост на државите, немешање во внатрешните работи, воздржување од закани или употреба на сила и решавање на судирите на мирен начин“.