Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР.

Неофицијално, телото било во бездна, а на патот било оставено возило марка „поло“. Се работи за 32-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.
Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „фолксваген поло“.
Тој бил облечен во кошула и панталони, а семејството бараше помош преку споделување фотографија на социјалните мрежи.
Безживотното тело е предадено на Судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција.