Германија го смени контроверзниот закон за абортус

од desk4
94 прегледи

Германија го смени контроверзниот закон за абортус, кој во земјата беше познат како став 219а, пренесе  Дојче Веле.

Пратениците во Бундестагот гласаа за измани на  забраната  да во каква било форма  лекарите да  велат дека предлагаат абортус.

Според новиот закон, лекарите, како и болниците, ќе можат да рекламираат на своите веб-страници дека извршуваат абортуси .

Меѓутоа, сепак е забрането објавување на методи за прекинување на бременоста што ги нуди лекарот или болницата.

За да се разбере ова, една жена која сака абортус ќе мора да бара листа која ја подготвува Сојузниот центар за здравствена едукација.

Една од партиите во владејачката коалиција, Социјалдемократската партија, сакаше целосно да се отфрли пасусот 219а.

НА истата позиција беа Слободните демократи, Партијата на зелените и Левичарската партија.

Против укинувањето на стариот закон беше Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел.

Социјалдемократите ги нарекоа новите правила “добар компромис”, но голем број женски организации не се согласуваат.

Тие веруваат дека иако параграф 219а постои, ќе продолжи да спречува многу жени во ранливи ситуации да добиваат точни и детални информации, како и да ги ограничат женските права.

Во Германија многу болници се под капа на Католичката црква.

Во овие медицински установи нема абортуси