Кира Најтли ќе одбива да снима голи сцени

од Vlatko K
141 прегледи

Британската актерка, Кира Најтли веќе ќе одбива да се снима во голи сцени, бидејќи таа веќе е 33-
годишна мајка. Најтли има ќерка Еди од нејзиниот сопруг, Џејмс Рејтан.


Претходно таа немаше проблеми да се снима без нејзината облека кога нејзината улога го бараше
тоа од неа. Но сега, при поеротски кадри, таа ќе инсистира да биде заменета со двојничка пред
камерата.

„Се чувствувам пријатно во моето тело“, вели Најтли.

„Но сега кога имам ќерка, не треба да го покажувам онолку колку што го покажував порано“, вели
ѕвездата од „Пиратите од Карибите“.

Актерката рече дека кога ќе најде своја дублерка за голите сцени, таа ќе мора лично да ја одобри.
Најтли се довери дека кога имала 22 години, таа била депресивна бидејќи ја изгубила довербата
откако била преоптоварена со критики за нејзината актерска кариера. Таа доживеала сериозен
психички колапс по што не можела да се опорави долго време.

Но сега таа се чувствува многу уверена и знаела што сака од животот