Европската цена на Xiaomi Mi 9 започнува од 449 евра

од Vlatko K
110 прегледи

Заедно со премиерата на својот прв смартфон со 5G можности, Xiaomi ја искористи
пресконференцијата на мобилниот конгрес и да сподели повеќе детали за меѓународната верзија
на претставениот на 20 февруари предводник Mi 9.


Уредот ќе се нуди во Европа во сина, виолетова и црна, а цената ќе започнува од 449 евра (6/64GB)
и достигнува до 499 евра (6 /128GB). Останатите технички карактеристики на првиот паметен
телефон со тројна главна камерата на кинеската компанија остануваат непроменети.

Неодамна DxOMark постави висока оценка (втората најдобра во тестовите на сајтот и прва при
снимањето на видео) на можностите на камерата, што покажува дека Xiaomi постигнал
импресивен напредок во овој поглед.