Двајца загинати при пад на мал авион во Шпанија

од desk2
96 прегледи

Две лица загинаа денеска при уривање на мал авион на околу 100 километри северно од шпанскиот главен град Мадрид.

Службата за вонредни состојби на регионот Кастиља-Леон, на чија територија се урнал авионот, соопшти дека двете загинати лица се наоѓале во леталото.

Причините за падот на авионот засега не се познати.