Во селото Ајватовци, во општина Илинден вечерва околу 18:20 часот изби пожар.

Од Противпожарната служба за МИА изјавија дека на местото се испратени три возила со цел да ја изгаснат огнената стихија.
Посочија дека е запалена сува трева, како и дека во околината на местото каде што е предизвикан пожарот нема куќи.
Се уште не е позната причината за пожарот.