Про-руска партија води по изборите во Молдавија

од Vlatko K
114 прегледи

Проруската партија на социјалистите ја доби поддршката од 31,4 отсто од гласачите на парламентарните избори во Молдавија, покажуваат прелиминарните резултати.

Прозваниот  проевропски блок ACUM заостанува   – доби само поддршка од 26,05%. Трето, владејачката прозападната демократска партија е наредена за 24,05 отсто, според прелиминарните резултати на пребројани  98,5 отсто од гласачките ливчиња. 

Другите партии, според прелиминарните податоци, не ја преминуваат бариерата од 6 проценти.

Набљудувачите го дефинираат денешното гласање како геополитичко. Социјалистите на претседателот Игор Додон се за приближување кон Русија, додека демократите се проевропски.