Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија „одредени кругови во Приштина и Брисел“ го претворија во дијалог за територии, но порача дека „Косово нема да даде ниту педа земја во замена за признавање“.
Харадинај на денешната комеморација по повод 29-годишнината од убиството на косовскиот политички емигрант во Белгија, Енвер Хадри, се осврна и на таксата од 100 отсто што неговата Влада ја воведе на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, нагласувајќи дека токму таа такса „го попречува формализирањето на поделбата на Косово“.
– Денес, 20 години по ослободувањето, кога влеговме во втората деценија од независноста, дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија се пренасочи од одредени кругови во Приштина и Брисел, претворајќи се во дијалог за територии. Затоа денес ни треба примерот на нашиот херој Енвер Хадри, за да не ни се повтори историјата, изјави Харадинај.