Во вторникот Парламентот усвои резолуција за укинување на најавената од претседателот Доналд Трамп вонредна состојба , што има за цел да обезбеди пари за финансирање на изградбата на ѕидот на јужната граница на САД со Мексико.

Документот беше усвоен со 245 “за” и 182 “против”. Тринаесет републиканци ги поддржаа демократите. Така се судрија со политиката на претседателот Доналд Трамп.