МВР – Билтен
На 27.02.2019 во периодот од 10:30 до 12:40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претреси во дом и помошни простории сопственост на С.Г.(28), од кои две на локација во Струмица и еден дом во село Петралинци. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, две воздушни пушки, цевка од воздушна пушка, мобилни телефони, 16 стари монети и еден стар прстен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.02.2019 во периодот од 10:30 до 12:40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршил претреси во дом и други простории сопственост на лицата Р.Б.(29), Г.В.(27) и Г.Г.(54), сите од Струмица. При претресите биле пронајдени и одземени мобилни телефони и други технички апарати кои се предмет на извршени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.
На 28.02.2019 околу 07.30 часот во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово од слобода го лишиле Р.Љ.(45) од Тетово, осуден на казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Љ.С. бил предаден во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.
На 27.02.2019 околу 17.00 часот на улица „Мурат Бафтијари“ во Тетово од слобода бил лишен Е.И.(39) од Тетово. При преглед кај него полициски службеници пронашле и одзеле хероин. Е.И. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.02.2019 околу 11.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на Градскиот стадион во Битола, при изведување градежни работи на објект во изградба, Д.Д.(58) од село Црнобуки, битолско, паднал од скеле на бетонска подлога. Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а во 19.30 часот починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.02.2019 во 15.05 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.А.(54) од Скопје пријавил дека на 26.02.2019 година околу 19.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.
Во текот на изминатиот ден (27.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 48 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 15 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради непоседување пропишана зимска опрема, 10 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 105 мандатни платни налози и 83 возила се подигнати со специјално возило “пајак”