Помпео побара воздржување од ескалација меѓу Индија и Пакистан

од desk2
97 прегледи

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека разговарал со лидерите на Индија и Пакистан за тензиите меѓу двете земји и побарал од нив да се воздржат „од каква било акција која би довела до ескалација и значително би го зголемила ризикот“.

Помпео изјавата за новинари ја даде на пат од Виетнам кон Филипини.

На т.н. контролна линија, која го раздвојува Кашмир денеска дојде до нов судир меѓу индиските и пакистанските војници.

Индиската војска соопшти дека војници од Пакистан гаѓале со минофрлачи повеќе од 20 пунктови на индиската војска.