Конгрес на СДСМ за потврда на Стево Пендаровски за претседателски кандидат

од desk4
172 прегледи

СДСМ денеска ќе го одржи 23. партиски конгрес. Претходно во хотелот Александар Палас ќе се оддржат Извршниот и Централниот одбор на партијата кои ќе го најават конгресот на кој ќе биде промовиран претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

На отворањето на Конгресоте предвидено  е обраќање на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, додека работниот дел ќе биде затворен за јавноста.
Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

– Почитувани граѓани се обединивме повторно сите Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци и сите други. Првпат во македонската историја различните застануваат зад еден кандидат. Застануваме сите позади Стево Пендаровски. Надпартиски, европски, граѓански, пријател и претседател на сите и за сите граѓани на Република Северна Македонија, изјави премиерот Заев на промоцијата на кандидатот

За заедничкиот претседателски кандидат Стево Пендаровски исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии,  напиша Пендаровски на својот фејсбук профил откако ја доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција.

Во исто време лидерот на ДУИ Али Ахмети во партиските простории во Мала Речица го свика Централниот совет, на кој на дневен ред ќе бидат претседателските избори, конгресот на младината на ДУИ, конгресот на форум на жени на партијата и регистрација на членството.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

Покрај Пендаровски, кандидати се и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска и амасадорот и универзитетски професор Блерим Река кој доби поддршка од Алијансата на Албанците и БЕСА.