Европската унија го предупреди режимот на Николас Мадуро да не се обидува да го уапси привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо пренесе Дојче Веле.
Сите мерки кои создаваат закана за слободата , безбедноста и приватноста на привремениот претседател, ќе доведат до суштински ескалација на тензиите, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Членовите на националното конститутивно собрание уживаат имунитет,истакна Могерини.
Изјавата на високиот комесар на ЕУ за надворешна политика доаѓа како одговор на порака од Каракас дека Гуаидо кој е на турнеја во Јужна Америка, може да биде уапсен по неговото враќање во Венецуела.