САД нема да користат сила за да испорачаат хуманитарна помош за Венецуела

од desk2
104 прегледи

САД нема да користат сила за да испорачаат хуманитарна помош за Венецуела, изјави Елиот Абрамс, специјален претставник за таа држава на американскиот претседател Доналд Трамп.

Минатиот месец сили на претседателот Николас Мадуро блокираа хуманитарни конвои на границата.

– Владата на САД нагласи дека ние нема да користиме сила за да ја испорачаме таа хуманитарна помош, а истото го соопшти и  колумбиската влада така што очигледно се согласуваме за тој став и нема да учествуваме во акции што се спротивни на тој став, изјави Абрамс на прес конференција.