Икеа бара дозвола за изградба на првата продавница во Словенија

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Шведската компанија за производство на мебел „Икеа“ поднесе барање до словенечкото Министерство за животна средина и просторно планирање за добивање градежна дозвола за изградба на својата прва продавница во Љубљана.

 

Според проценките на компанијата, подготвителните работи можат да почнат ова лето, а изградбата би требало да трае околу една година.

Словенечките медиуми пренесуваат дека инвестицијата е вредна 80 милиони евра, а се очекува да се вработат околу 300 луѓе.