САД: Авион слета принудно, евакуирани патниците

од desk2
116 прегледи

 

Еден патнички авион принудно слета на аеродромот во Њу Џерси поради сомнеж за пожар, а патниците се евакуирани.

Американската федерална управа за цивилно воздухопловство соопшти дека авионот бил на пат од Монтреал до Форт Лодердејл на ФЛорида, кога е пријавена можност за пожар во товарниот дел, и бил пренасочен на аеродромот во Њу Џерски, во 8.30 часот по локално време.

Боинг 737 слетал и останал на пистата додека аеродромските пожарникари реагирале, а патниците се евакуирани на пистата. Нема повредени.