Малезиец доби 10 години затвор затоа што го навредувал исламот на социјални мрежи

од desk2
163 прегледи

 

Малезиец доби повеќе од 10 години затвор заради навредување на исламот и пророкот Мухамед на социјалните мрежи, а уште тројца се обвинети поради истото казнено дело, објави малезиската полиција.

Се смета дека ова е до сега најстрога казна за тоа казнено дело во Малезија.

Неименуваниот Малезиец ја признал вината по 10 точки од обвинението поради злоупотреба на социјалните мрежи.

И друг корисник ја признал вината, па пресудата ќе му биде изречена во понеделник.

Уште двајца се изјасниле дека не се чувствуваат виновни, па задржани се во притвор.