Српски државјанин меѓу загинатите во авионската несреќа во Етиопија

од desk2
112 прегледи

Српскиот државјанин Ѓорѓе Вдовиќ (54) е еден од 157-те патници лица кои загинаа денес кога авион на компанијата Етиопијан ерлајнс “Боинг 737” се урна веднаш по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба. Вдовиќ бил вработен во Светската програма за храна во Обединетите нации. Покрај српскиот пасош, со него имал службен патнички документ. Вдовиќ бил хуманитарен, посветен на бробата против гладта во светот, а имал големо искуство и 22 години работен стаж.

Тој, исто така, поседувал сертификат PMP, кој е меѓународно признат и најценета професионална квалификација во управувањето со проекти. Авионот на етиопската авиокомпанија се сруши во градот Епископ, на југоистокот. Загинаа сите 149 патници и 8 членови на екипажот.

Меѓу патниците имало 32 државјани на Кенија, 18 Канада, девет од Етиопија, осум од Италија, Кина и Америка, седум британски и шест француски, шест египетски, пет холандски и четири индиски и словачки.