Разузнавачка агенција на Албанија: Русија го шири влијанието кон Албанија

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Директорот на Разузнавачката тајна агенција на Албанија (ШИШ) Хелидон Бендо ја обвини Русија дека се обидува да го прошири своето влијание и на таа земја.

Во обраќањето пред албанскиот Парламент Бендо не прецизираше дали во тие напори Москва успеала да дојде до повисоките албански политички структури, објави приштинска „Коха“.

– Податоците од 2018 година покажуваат дека има сè повеќе обиди на Русија да го прошири влијанието во нашата земја, тврди Бендо.