Македонски државјанин баран со потерница од Интерпол уапсен во Приштина

од desk2
62 прегледи

Косовската полиција објави дека постапувајќи според меѓунарoдна потерница издадена од Интерпол, синоќа во Приштина уапсила државјанин на Република Северна Македонија.


Во редовниот 24-часовен полициски билтен, како што јави дописникот на МИА од Приштина, се наведува дека апсењето го извршила специјална полициска единица вчера околу 20:45 часот, а нема информации за идентитетот на уапсениот, ниту за делото за кое е распишана потерницата од Интерпол.

– Од страна на Единицата за избегани лица, „Фаст Косова“, во соработка со специјалната единица, врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол, уапсен е бегалец од албанска националност, македонски државјанин, се вели во полициското соопштение.

По налог на надлежен обвинител, на уапсеното лице му е одредена мерка притвор, соопшти полицијата.