


Студијата за безбедност и здравје при работа за Македонија е изработена во рамките на регионалната платформа за заштита при работа „BALcanOSH.net“. Покрај за нашата земја, национални студии за безбедност и здравје при работа ќе бидат презентирани и за Албанија, Црна Гора, Косово и Србија. Студиите се изработени во рамките на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државни институции“ кој е финансиран од страна на Европската Унија.
Како што информираат од МЗЗПР, студијата прави анализа на националното законодавство за БЗР и степенот на неговата усогласеност со ЕУ легислативата, истовремено обидувајќи се на единствен начин да ја портретира безбедноста и здравјето преку конкретни основи кои произлегуваат од рамковната Директива за безбедност и здравје при работа 89/391, транспонирани во националниот Закон за БЗР, како и подзаконските акти.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.