Словаците сега избираат претседател. Скоро 4,5 милиони гласачи од 5,5 милиони жители на земјата ќе одредат кој од 13-те кандидати ќе биде на првите пет години.
Сегашниот претседател Андреј Киска, кој беше вмешан во голем број скандали, одби да се бори за реизбор.
Водечките кандидати се двајца според социолошките истражувања, тоа е адвокатката Сузана Чапутова, една од директорките на непарламентарната либерална партија “Прогресивна Словачка”, и заменик-претседателот на Европската комисија Марони Шефчович, чија кандидатура е поддржан од владејачката партија.
Социолозите тврдат дека поголема поддршка кај гласачите има Чапутова. Се очекува да има втор круг, на кој ќе одат токму овие двајца кандидати. Првите резултати од гласањето се очекуваат во недедела напладне. / РИА-Новости