ЕУ со нови санкции против Русија

од desk4
127 прегледи

Брисел воведе санкции за уште осум руски официјални лица, бидејќи тие беа инволвирани во заробувањето на украинските бродови и нивната екипа во ноември за време на инцидентот во Керч теснецот.

 Европската комисија ги замрзнува средствата и го забранува влезот на осум лица во ЕУ поради “акции кои го поткопуваат или го загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина”.

Одделно, во САД беа вклучени шест руски државјани и осум руски компании на црната листа поради “тековната агресија” на Москва против Украина.