Шеста сезона по ред во Формула 1 започнува со полпозиција на Луис Хамилтон за Гран При на
Австралија.
Британецот ја стави под сомнение својата супериорност во целиот викенд до моментот, откако
беше најбрз во трите тренинзи, а денес со време од 1:20,486 минути не даде шанса на конкурентите
од Ферари. На овој начин Хамилтон се израмни со легендите Аиртон Сена и Михаел Шумахер на
врвот по освоени квалификации за место во Австралија.
За Мерцедес ова е 185-та пол-позиција во Формула 1, а дополнителната добра вест за тимот е дека
првиот ред ќе биде целосно нивен. Валтери Ботас беше со послабо темпо на тренинзите, но во
квалификациите беше единствениот кој се доближи доХамилтон, завршувајќи на 0,112 секунди во
однос на светскиот шампион.
Фетел беше најбрз од останатите, заземајќи го третото место, но меѓу него и вториот Ферари на
Шарл Леклер се „протна“ Макс Верстапен. Хас го потврди позитивниот впечаток од викендот со
шестото и седмото место за Грожан и Магнусен.
Прекрасно деби пак имаше Ландо Норис со осмото место за Мекларен. Кими Раиконен, пак,
покажа дека и со Алфа Ромео ќе биде фактор во Формула 1, давајќи деветто време. Топ 10 ги
затвори Серхио Перез за Рејсинг Поинт.вз