Џос Стоун со настап во Северна Кореја

од Vlatko K
154 прегледи

Британската пејачка и текстописец, Џос Стоун направи неформален концерт во главниот град на
Северна Кореја како дел од амбициозниот проект да пее во секоја земја во светот.

Стоун, која има настапи во повеќе од 175 земји од почетокот на својата турнеја „Цел свет“ пред пет
години, пееше во бар во Пјонгјанг пред мала група туристи и туристички водичи во средата вечер.
31-годишната пејачка, која во последно време пееше во Сирија, Пакистан и Ирак, објави за своето
патување во Инстаграм пред да се качи на авион за Пјонгјанг.

„Ова е прекрасен ден, за да заминете во Северна Кореја“, рече таа во видео порака, направена на
меѓународниот аеродром на Пекинг.

„Наскоро ќе се качиме на авион за да одиме до Пјонгјанг …? Место во Северна Кореја. Ќе биде
забавно“, додаде таа.

Стоун изјави дека ја пеела традиционалната корејска народна песна „Ариранг“ – вклучена во
списокот на УНЕСКО за нематеријалното културно наследство како во Северна и во Јужна Кореја –
за нејзината публика во Пјонгјанг.

Посетата беше организирана од Сајмон Кокерел, кој раководи со„Koryo Tours“, специјализирана за
патувања до изолираната земја.

Кокерел го опишува спроведувањето како „неофицијален концерт“ и објавува фотографии на Стоун,
која пее за околу 40 туристи и туристички водичи во бар, кој тој го идентификува како
кинокомплексот „Јангакдо“.

„Да го направиме повторно пред илјадници локални фанови во не многу далечна иднина“, напиша
тој во Инстаграм со слика на Стоун, како заминува од главниот град на Северна Кореја.

Северна Кореја ретко дозволува на странски музичари да спроведуваат настапи за обичните
граѓани, иако минатата година грст јужнокорејски поп уметници беа поканети во Пјонгјанг во
позадина на подобрувањето на односите во Корејскиот полуостров.