Британскиот принц Хари и неговата бремена сопруга Меган ќе имаат нов дом во резиденцијата
„Фрогмор“ – дел од дворецот Виндзор, каде што ќе се преселат по очекуваното во април раѓање на
нивното дете, објави „Ројтерс“.

Кралицата Елизабета II даде согласност за Хари и Меган да живеат сами откако беа во Кенсингтон
палатата заедно со семејството на Војводата и војвотката од Кембриџ – Вилијам и Кејт.
„Моментално војводата од Сасекс има посебна канцеларија во Бакингемската палата, кој
обезбедува поддршка и на војвотката по нивната свршувачка во ноември 2017 година“, се вели во
соопштението на Бакингемската палата.
„Фрогмор“ се наоѓа на територијата на замокот Виндзор, кој е кралска палата од 18 век. Вечерната
свеченост по свадбената церемонија на Хари и Меган во Виндзор во мај минатата година се одржа
токму во вилата „Фрогмор