Двојката го исполни пророштвото дека брендот „Бекам“ ќе ги направи милијардери, со извештаи,
кои покажуваат како бизнисите им генерираат големи суми.

Дејвид Бекам има три компании – „Footwork Productions“, каде се собрани приходите од
фудбалската кариера, со промет од 208,3 милиони фунти, „Beckham Brand Holdings“, со промет од
260,8 милиони фунти годишно и „DB Ventures Ltd“ со 90 милиони фунти.
„Victoria Beckham Ltd“, фирмата задолжена за модниот бизнис на Викторија Бекам, и носи 100
милиони фунти годишно. Исто така, Викторија се уште заработува средства заради учеството во
групата Spice Girls.
Дејвид има и неколку доста профитабилни зделки со брендови како Adidas, Pepsi, Samsung, H & M и
други. Освен тоа, поранешниот фудбалер има свој бренд за виски.
Семејството Бекам поседуваат и редица имоти, вклучувајќи еден во вредност од 35,1 милиони
фунти во западен Лондон.
Тие изгледа го пренеле нивниот бизнис талент на нивните деца. Ромео, само 16 години, веќе ја
водеше новогодишната кампања на „Burberry“, а 20 годишниот Бруклин има доста успешна кариера
како фотограф.
Сајмон Фулер, кој потпиша договор со Викторија за Spice Girls во 1995, го претскажа успехот на
семејството.
„Шармот на Викторија и сексапилноста и спортските вештини на Дејвид можат долгорочно да ја
претворат двојката во бренд за милијарди“, предвиде Сајмон.
Но, ова богатство има цена. Семејството Бекам се едни од луѓето во Велика Британија, кои плаќаат
највисоки даноци.