Наим Рашид, мажот кој се обиде да му го одземе оружјето на терористот Брентон Тарант (28) за време на масакрот во џамијата во Нов Зеланд, почина во болница.

Неговиот син Талх (21), исто така, почина во терористичкиот напад.
Рашид се обидел да го совлада лудиот Тарант за време на пукањето, но бил тешко ранет. Тој скокнал врз убиецот за да ги заштити останатите верници. Пренесен бил во болница, но не преживеал.
Рашил, со потекло од Пакистан, во Нов Зеланд работел како учител.
https://twitter.com/whatsupPakistan/status/1106664333671649280
Неколку преживеани сведочат дека имало уште неколку херои кои се обиделе да го совладаат напаѓачот.
Сајед Мажарудин раскажал дека едно момче скокнало врз убиецот и му го зело оружјето, но не можело да го најде чкрапалото и да го совлада.
https://www.facebook.com/nzherald.co.nz/videos/2341784489391367/
Да потсетиме, Тарант се појави на суд, каде е обвинет за убиство, а одреден му е притвор до 5-ти април.