Тригодишниот Муцад Ибрахим е најмладата жртва на нападот во џамија во Крајстчрч во Нов Зеланд. . Тој со татко му и брат му присуствувал на молитвата кога терористот влезе и пукаше во верниците. Малечкиот Муцад е еден од 49 жртви на крвавиот поход на Брентон Тарант.

Се верува дека Муцад се обидел да избега од терористот, додека татко му и брат му се правеле мртви. Неговото семејство очајнички се обидувало да го најде по нападот, но потоа е објавено дека страдал.
„На Алах му припаѓаме и нему му се враќаме“, напиша неговиот татко на Фејсбук.
Освен него, идентификувани се уште пет жртви, Дауд Наби, Насим Рашид, неговиот 21-годишен син Талах, Абдул Хамид, Калед Мустафа и Ашраф Али.