Со собирање и селектирање на отпад на брегот на реката Треска, во близина на ресторанот „Манастирска пештера“, во кањонот Матка и музички перформанс во изведба на дечиња од приватна градинка „Пиколини“ и од музичкото училиште „Пиано арт“ денеска официјално ќе се промовира проектот „Маткалулка на чистотата“ што го спроведува невладината организација за екологија 4SELECT.

На овој настан, што се одржува по повод Светскиот ден на рециклирање, и официјално ќе се промовира и покренување на TrashTag, а децата ќе испратат порака за спас на планетата Земја и за тоа дека идните генерации сакаат да наследат чиста планета.
Проектот ќе се реализира со поддршка на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, а на неговата промоција ќе присуствува и директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.