
Веднаш по повредата на актерот, луѓето од продукцијата се обратиле за помош до началничката на болницата во Рисан, д-р Рената Бергам Грандис, која инаку е тетка на актерката Марија Бергам.
Информацијата за повредата на Деп на Фејсбук ја објави самата Бергам Грандис, која го имобилизирала вратот на актерот.
– Мојот пациент нешто се вкочанил за време на снимањето на филмот „Минамата“, објави Бергам Грандис на Фејсбук под фотографијата со Деп. сп/