
– Тие го имаат Бе-Ем-Ве, го имаат „Мерцедес“. Имаат многу добри возила кои влегуваат (во САД). Сакам да ги произведуваат овде. Ако сакате да ги продавате (автомобилите) на Американци, произведувајте ги овде, им порача Трамп на европските автомобилски компании во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“.
Тој нагласи и дека ги одбил предлозите на Европската Унија, кои предвидувале царините за автомобилите на двете страни „да бидат сведени на нула“.