Шпански мафини

од Vlatko K
102 прегледи
Брза, едноставна и вкусна вечера…

Потребно е:
4
 јајца
1 чаша (од 2 мл) масло
1 чаша кисело млеко
3 чаши брашно
200 г кашкавал, исечкан на мали коцкички
200 г шунка, исечкана на мали коцкички
5-6 кисели краставички, ситно исечкани
2 лажици ајвар
2 лажици кечап
1/2 лажиче оригано
1 кесичка прашок за печиво
сол
сусам

Подготовка:
– Во еден сад искршете ги јајцата и додадете ги маслото, киселото млеко, брашното, прашокот за печиво, оригано, ајвар, кечап и сол. Матете убаво со миксер да добиете хомогена смеса.

– Сега додадете ги сечканата шунка, кашкавал и кисели краставички. Полека измешајте со лажица.

– Со горната содржина наполнете ги калапите за мафини, кои претходно малку сте ги намастиле со масло. Одозгора посипете ги со сусам.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени додека не добијат убава румена боја.

Слични содржини