Трамп бара европските автопроизводители возилата за американскиот пазар да ги произведуваат во САД

од desk2
134 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини за увоз на автомобилите на големите европските автопроизводители, како “BMW” и „Mercedes“, доколку не отворат свои погони во САД.

– Тие го имаат “BMW”, го имаат „Mercedes“. Имаат многу добри возила кои влегуваат во САД. Сакам да ги произведуваат овде. Ако сакате да ги продавате автомобилите на Американци, произведувајте ги овде, им порача Трамп на европските автомобилски компании во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“.

Тој нагласи и дека ги одбил предлозите на Европската Унија, кои предвидувале царините за автомобилите на двете страни „да бидат сведени на нула“.