Повеќе од 630 цивили, од кои 200 деца, загинаа во последните шест месеци во судирите на истокот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Меѓу загинатите, покрај Сиријци има и членови на семејства на џихадисти, од кои 209 деца и 157 жени, наведе опсерваторијата која покрива голема мрежа на извори ширум Сирија.
Арапско-курдската коалиција со поддршка на САД во септември покрена офанзива против последните упоришта на џихадистите од Исламска држава на истокот на Сирија.