
Апсењето на музичарот следува по европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.
Според потерницата, 52-годишниот осомничен, во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.
Заедно со уште две лица со украдените податоци правеле картички – клонови и подигале пари во различни земји, предизвикувајќи штета од над 1.3 милиони евра, од кои над 200 илјади само во Германија.
Според АНА-МПА, Панки бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија или не.