Кремљ: Не сме запознаени со истрагата на Малер

од desk4
154 прегледи

Се уште не сме ги виделе главните наоди во извештајот од истрагата што ја спроведе специјалниот обвинител Роберт Малер за наводно мешање на Русија во американските претседателски избор во 2016 година, изјави синоќа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

– Не сме запознаени со извештајот, изјави Песков.

Истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер покажа дека изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп не соработувал со Русите за време на кампањата за претседателските избори во САД во 2016 година.

Наодите од истрагата, кои американското Министерство за правда синоќа ги претстави пред Конгресот, укажуваат дека ниту Трамп, ниту неговите соработници, не соработувале со Русија.