
Во моментов, најбрзата технологија за полнење на паметни телефони е решението на Oppo – SuperVOOC со моќност до 50W (10V / 5A). Xiaomi, сепак, ќе се обиде да го подобри ова достигнување со својата нова технологија Super Charge Turbo.
Последните паметни телефони на Xiaomi ја поддржуваат технологијата за полнење до 27W, но дури и водечкиот Mi 9 доаѓа со 18W полнач. Повеќе информации за Super Charge Turbo очекуваме подоцна денес, но веќе имаме прелиминарен поглед кон неа благодарение на публикација од претседателот на компанијата, Лин Бин.
Во кинеската социјална мрежа Weibo, тој сподели кратка презентација со која се прикажува новата технологија за полнење, при моќност до 100W и 20V / 5A. Демонстрираното е против решението на Oppo, бидејќи за 17 минути, уредот Xiaomi достигнува 100%, а тој на Oppo – 65%.
Наполнетите батерии имаат капацитет од 4000mAh и 3700mAh, што го прави перформансот уште поимпресивен.
За споредба, очекуваната Super Charge технологија на Huawei со 55W ќе го полни Mate X (4500mAh) за 35 минути.