Во корејските медиуми почнаа да се појавуваат први детали за Galaxy Note 10 кој Samsung најверојатно ќе го претстави на крајот на летото. Според ET News фаблетот може да е првиот паметен телефон на Samsung без никакви физички копчиња.

Ова значи дека нема да има копче за вклучување или контрола на јачината на звукот. Според соопштението, дури и копчето за активирање на Bixby ќе биде отфрлено. Сите овие функционалности ќе бидат достапни преку сензорни решенија и гестови.
Во моментов нема јасност како точно Samsung планираат да го решат прашањето со управувањето на Galaxy Note 10, но компанијата веќе има пријавено патенти за активирање на функции со притискање на рабовите на екранот.
ET News исто така тврдат дека одлуката за намалувањето на физички копчиња ќе биде употребена и во моделите од A-серијата уште пред појавата во Note 10.
Ова решение најверојатно е диктирано од идејата да се тестира новата функционалност со поевтини модели пред да биде применето кон предводник каде и ризиците при евентуален неуспех се значително поголеми.