Косовската Влада и Канцеларијата на Обединетите нации за поддршка на проекти (УНОПС) денеска потпишаа Меморандум за разбирање за попис на населението, домаќинствата и семејните стопанства во Косово.
Проектот ќе го спроведе Агенцијата за статистики на Косово (АСК) и се предвидува да започне во 2021 година.

Според Меморандумот, АСК ќе го спроведе проектот во тесна соработка со УНОПС, кој ќе го менаџира фондот што ќе се формира за покривање на трошоците на пописот.
Последниот попис на населението во Косово е спроведен во 2011 година. Според тогашните конечни резултати, на територијата на Косово, со исклучок на областа во северно Косово населена со мнозинско српско население, односно општините Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и северниот дел на Митровица, имало 1.739.825 жители.