Мистериозно убиство на Алпите – поранешен шпион и писател на крими романи пронајден изрешетан покрај пат

од desk2
114 прегледи

Поранешен француски известувач и автор на шпиoнски романи, 57-годишниот Даниел Форестијер е пронајден изрешетан на француските Алпи.

Неговото тело е пронајдено во локва крв на стојалите на локалниот пат недалеку од Женевското езеро.

Полицијата вели дека убиството е дело на професионалци и дека Данијел е застрелан во градите и главата.

Форестијер е застрелан со 5 куршуми, после само 6 месеци од покренувањето истрага против него поради улогата која ја имал во планираниот атентат на генералот Фердинанд Мбоа, жесток притивник на претседателот на Република Конго.

Форестијер бил 14 години припадник на француската контраразузнавачка агенција и наводно дел од специјалната единица која извршувала супертајни и „чувствителни операции“. Данијел со сопругата и двете деца живеел во селото Лусанж.

Неговото тело е пронајдено на 15 километри од местото на живеење. Државниот обвинител смета дека мотивот за убиството треба да се бара во нерасчистените сметки од минатото.