Масовните протести во Алжир го принудија претседателот да си поднесе оставка

од desk2
140 прегледи

Претседателот на Алжир,Абделазис Бутефлика ќе поднесе оставка пред крајот на мандатот што му истекува на 28 април.

Пред тоа претседателот ќе преземе мерки за да обезбеди континуитет на функционуирањето на државните институции за време на преодниот период , се наведува во соопштението. Оставката на Бутефлика доаѓа по повеќенеделните протестина стотици илјади жители на Алжир.

Тие на почетокот се противеа на кандидатурата на 82 годишниот Бутефлика за петти претседателски мандат.

Претседателот , кој во 2013 имал мозочен удар и не се појавувал во јавноста , тогаш се согласи да се откаже од кандидатурата ,да ги откаже изборите, но без датум на одржување.

Но , по овие отстапки следуваше серија на уште пожестоки протести , во коис е бараше оставка од вечниот претседател.