
Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги загуби изборите за градоначалник во Истанбул, потврди турскиот Врховен изборен совет, цитиран од „Франс 24“ и другите медиуми.
Партијата за правда и развој (АКП) го изгуби изборот за градоначалник на Истанбул, иако прогласи победа во најголемиот турски град.
Во 100% од гласачките ливчиња, Екрем Имамоглу од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) доби најголема поддршка за градоначалник. Тој ќе го преземе управувањето, освен ако резултатите не бидат оспорени. Имамоглу добива 48,79%, додека кандидатот на турската владејачка партија, Бинали Јилдирим доби 48,51%.
Прелиминарните резултати покажуваат дека АКП го загуби мнозинството во главниот град Анкара, Анталија, Адана и Измир, по локалното гласање во неделата.