Курц: Нема решение за Косово, без поддршка на големите сили

од desk2
108 прегледи

 

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека секое можно решение на косовскиот проблем мора да има поддршка од големите сили, особено од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, истакнувајќи дека граѓаните на Србија мора да бидат свесни оти без јасен напредок во односите помеѓу Белград и Приштина, Србија нема да може да се приклучи кон Европската Унија.

„Во наш интерес е да бидеме во блиски партнерски односи со САД кога е во прашање Западен Балкан и да ја имаме нивната поддршка во охрабрувањето за напредокот за постигнување решение за ова важно прашање“, изјави Курц во интервју за магазинот „Корд“, пренесе „Танјуг“.

Tweet

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПОВРЗАНИ АРТИКЛИ:ТОП-ТЕМА
ПРЕТХОДНОБиХ би требало да биде целосно исчистена од мини за шест години
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И…
Димитров од Вашингтон: Добро е да се има пријатели

(Видео) Мицкоски: СДСМ злоупотребува човечки судбини поради моќ и пари

Принцот Хари и Меган постигнаа Гинисов рекорд

Шкендија со победа кај „пандевци“, Вардар зеде само бод од фенерџијата Победа

Џафери-Акар: Турција е силен поддржувач на интеграциите на Северна Македонија

Мешков Брест во утешен триумф над Нексе стигна до бронзата

РЕГИОНБиХ би требало да биде целосно исчистена од мини за шест годиниОбјавено пред 2 часа – 3 април, 2019Од Макфакс
На територијата на Босна и Херцеговина и понатаму има голем број мини, но се работи на тоа до 2025 година да биде целосно исчистена, изјави денеска шефот на делегацијата на ЕУ во Босна, Ларс Гунар Вигемарк.

Претставувајќи ја анализата за акцијата за отстранување на мините, рече дека од почетокот на годинава била усвоена нова стратегија за деминирање 2018-2025, чија реализација е поддржана од ЕУ со 10 милиони евра.

Вигемарк нагласи дека активноста, пред сѐ ,ќе придонесе кон безбедноста на граѓаните, земојделството, но и ќе направи простор за реализација на значајни проекти од патната инфраструктура, пренесе „Фена“.

Два отсто од територијата на БиХ уште е зафатена со мини, а според новата стратегија, процесот би требало да биде завршен до 2025 година.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…РЕГИОНРама: Ако кажат ЕК и ЕУ, изборниот закон ќе помине во парламентотОбјавено пред 2 часа – 3 април, 2019Од Макфакс
Ако Европската Унија и Европската комисија ни кажат дека изборниот закон мора да помине во парламентот пред да се донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување бидејќи тоа е напишано во текстот, ќе го проследиме во парламентот и ќе се придржуваме кон препораките на ОБСЕ, без вклучување други елементи, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама во парламентот говорејќи за изборните реформи.

„Законот не е врежан во камен. Доколку постојат аргументи, разбирање и причини за негова ревизија, ние сме отворени за тоа“, изјави Рама.

Во меѓувреме, додаде тој, иницијативата за деполитизација на изборните комисии не може да се примени на локалните избори кои ќе се одржат на 20 јуни бидејќи е потребна нивна целосна реконструкција.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…РЕГИОНМасовно се откажуваат туристичките тури во АлбанијаОбјавено пред 2 часа – 3 април, 2019Од Макфакс
Политичката криза и масовните протести на опозицијата во Албанија доведоа до откажување на најавените туристички посети на земјата од Германија, Велика Британија и Израел, пренесе новинската агенција „Онаса“.

Бесних Батхи од Здружението на албанските туроператори вели дека само во текот на последните неколку дена откажани се неколку големи групи туристи што биле најавени за март и за почетокот на април.

„Поради политичките тензии и протестите, веќе ги гледаме последиците во туризмот со откажување договорени тури, особено од Израелци, Германци и Англичани“, вели Батхи.

Тој додаде дека очекува, доколку продолжи напнатата политичка ситуација во земјата, да бидат откажани уште повеќе туристички аранжмани.

Батхи истакна дека продолжението на политичката криза во Албанија ќе влијае на туризмот во текот на летната сезона иако, според неговите зборови, уште нема откажување резервации за време на летниот период.

Според податоците на Институтот за статистика, Албанија лани ја посетиле околу шест милиони туристи, односно 16 проценти повеќе отколку пред две години.

Туризмот лани во Албанија донел 1,85 милијарда евра бруто-приход, што е најмногу досега.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…