
Во септември минатата година Lenovo поднела барање за патент во WIPO за паметен телефон со вертикално преклопување на дисплејот, кој помалку личи на Motorola Razr.
Уредот има широка „шарка“ и втор екран на грбот, откако може да се свитка во различни позиции според потребата. Така конкретниот дел од главниот екран може да остане видлив и да се користи заедно со помалиот дисплеј.
Од компјутерски генерираните слики на моделот од сајтот Lets Go Digital гледаме присуство на предна камера и блиц над главниот екран и главна камера на задната страна.
Ако треба да бидеме реални, сличен модел едвај ќе биде реализиран, но е интересно да видиме различни дизајнерски решенија на компаниите во таа насока.
